Тест: Откријте што му претставувате на вашиот партнер во животот
Љубовта е движечка сила, деструктивна, моќна, едноставна но трајна. Според многу психолози, врските може да се групираат во главните групи на „улоги“ кои ги имаме со партнерот. Со овој текст ќе откриете дали вашиот партнер ве гледа како разгалено дете, сродна душа или пак родител.
1. Вашиот парнер не сака семејни собирања, но вие сте поканети кај вашите роднини овој викенд и пристуството е задолжително, што ќе направите?
- Го поткупувате да се однесуваат добро – со секс, омилено јадење и така натаму. – 5 поени
- Вие го предупредите дека ако се однесува со непочитување, сериозно ќе му се налутите. – 8 поени
- Ќе му дозволите да изготви прифатлива програма за викенд што го вклучува и семејното собирање. – 0 поени
- Не ви е гајле што ќе каже партнерот, едвај чекате да се видите со најблиските! – 3 поени
2. Тој има проблеми на работа и ги споделува со вас. Како ќе реагирате?
- Слушате внимателно и покажувате сочувство и поддршка. – 5 поени
- Предложувате корисни решенија и не молчите ако имате различно мислење. – 8 поени
- Ја менувате темата. – 0 поени
- Отварате флаша вино и почнувате да го обвинувате неговиот шеф. – 3 поени
3. Што најмногу ве иритира кај него?
- Недостаток на почит. гледа во други жени, заборава да ви се јави или доцни. – 8 поени
- Понекогаш донесува одлуки во ваше име. – 0 поени
- Фактот што секогаш знае што мислите и што чувствувате. – 3 поени
- Типични машки навики – отворена паста за заби, крената даска на ВЦ школката и тн.- 5 поени
4. Како се обраќате еден на друг?
- Со злато, срце или слично. – 0 поени
- Си имате смислено ваша варијанта на неговото име. – 8 поени
- Вашите прекари се лигави, но ги кажувате само насамо. – 3 поени
- Му се обраќате со прекарот кој го корстат сите. – 5 поени
5. Тој ви призна дека ве сака кога…?
- Му бевте лута и се плашел дека ќе го оставите. – 8 поени
- Кога ви го даде првиот подарок или ве однесе на вечера. – 0 поени
- Кога му го зготвивте омиленото јадење. – 5 поени
- Кога правевте нешто секојдневно, но сепак романтично (водење љубов, прошетка во парк, готвење)
Соберете ги поените и проверете го вашиот резултат.
0-10 поени „Разгалено дете“
Сакате да бидете згрижени и некој да ве заштити. Понекогаш вашето мислење го наметнувате преку типични детски трикови како што се модринки и убоди. Време е да порасне малку и да научите како да бидете рамноправен партнер во врската.
11-19 поени „Сродна душа“
Вие сте навистина најдобриот пријател и поддржувач на вашиот партнер – вие верувате во него безусловно, му давате совети и ги споделувате вашите најинтимни тајни. Важно е да не се заборави дека индивидуалноста понекогаш е исто толку важна како и близината.
20-29 поени „Грижлив родител“
Во очите на повеќето мажи, вие сте совршен партнер кој ќе се грижи за нив – да ги покрие, да направи вкусен појадок и да ја испегла кошулата. Вашиот премногу развиен мајчински инстикт може да ве доведе до нерамноправна врска, затоа не го разгалувајте премногу.
30-40 поени „Родител кој критикува“
Ваквото однесување може да биде многу напорно и за вас и за вашиот партнер. Нема потрева постојано да го критикувате и да му ги броите грешките, опуштете се и уживајте во врската.