Дали некогаш сте се запрашале зошто постојано ве привлекува еден ист тип на маж? Да, точно е дека спротивностите се привлекуваат, но многу повеќе важи обратното непишано правило.

Сличноста привлекува слични на себе. Така за вашиот карактер може да се открие многу, врз основа на вашиот следен одговор.

Кој маж најмногу ви се допаѓа? Значењето на вашиот избор и одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

1. Класична мажественост

Вашиот идеален маж е елегантен и претставителен. Доколку мечтаете за ваков тип на маж, тогаш вие сте жена со многу високи барања. Имате одличен вкус за мода, ентериер и музика, при што уживате да одите на културни настани, како концерти и балет. Знаете што сакате од животот и сте многу внимателни кон вашите најблиски и пријателите.

2. Лошо момче

Модерна впечатлива фризура и тетоважи по целото тело…Со сигурност можеме да кажеме дека вие сте добра девојка и жена, во која владее нескротлива страст. По природа сте авантуристична, смела и дрска, иако неретко се обидувате тоа да го сокриете од останатите. Ги цените искуствата во животот, но истиот не го сфаќате премногу сериозно. Вие секогаш се чувствувате млади, без разлика на возраста.

3. Просечен маж

Да, се согласуваме дека Бен Афлек е далеку од просечен маж, но овде не станува збор за тоа. Вашиот идеален маж не се одликува со посебен стил на облекување, туку претпочита удобна облека. Тој е сосема просечен и далеку од ѕвезда. Тоа значи дека вие важите за многу мудра и рационална жена. Посветени сте на себе и на вашиот личен развој, при што добро знаете дека не ви се потребни дополнителни драми. Вашата цел е да имате спокоен живот и сопруг кој ќе ви биде одлична поддршка.

4. Спортист

Доколку вашиот ум е привлечен од спортистите и атлетско градените мажи, кои живеат здрав начин на живот, тогаш тоа значи дека и вие подеднакво сте силна и привлечна жена. За вас, голема важност имаат вашите пријатели, а она што не можете да го поднесете е здодевниот живот. Ги обожавате забавните луѓе и добрите разговори. Но, од голема важност за вас е и мислењето на другите, за кое не треба премногу да се грижите.

5. Плејбој

Доколку овој тип на маж е идеалниот кој ве привлекува, тогаш вие сте жена со огромна самодоверба, но истовремено и независна личност. Вашиот избор може да значи дека ја обожавате вашата кариера, па дури и дека сте феминистка. Не претпочитате да ги искажувате вашите чувства, поради страв да не бидете повредени, но пак затоа, од друга страна, многу добро знаете да управувате со парите.

6. Интелектуалец

Високо интелектуалниот маж воопшто не ве плаши, туку ве привлекува и тоа многу. А тоа се должи на фактот што и вие поседувате исклучително интелигентен ум, при што обожавате да се впуштате во сериозни дискусии. Во еден маж најпрво барате пријател и сопатник, а потоа сопруг. Важите за многу независна жена, но доколку еден маж се докаже пред вас, ќе му дозволите да го преземе кормилото на вашиот живот.