ТЕСТ: Вашиот избор на невестински фустан открива нешто многу важно за вас
Постојат различни обичаи и правила кога станува збор за изборот на невестински фустан. Иако во повеќето земји, традиционално се носи бела боја, во Франција на пример, се верува дека невестата која носи виолетово ќе има најсреќен брак.
Кога станува за овој посебен вид на фустан, за денес ви подготвивме краток забавен тест во кој, се што треба да направите е да изберете една од следните понудени дизајни, а тоа ќе открие нешто многу важно за вас.
Вашиот избор открива многу за вашиот карактер, а конкретното значење на одговорот може да го пронајдете веднаш под фотографијата.
Одговори:
Фустан бр. 1
Вие се стремите кон постигнување на внатрешна хармонија. Препочитате поголемиот дел од времето да го минувате сами со себе, за да во мир ги анализирате работите околу вас.
Фустан бр. 2
Вие не верувате во чуда. Живеете во реалниот свет и повеќе ги преферирате луѓето кои имаат сериозен и зрел пристап кон животот.
Фустан бр. 3
За вас најважни се добрината и искреноста. Знаете како да чувате тајни, а секогаш ве привлекуваат мистериозните работи. Сакате да учите нови работи и затоа на вашиот партнер никогаш не му е здодевно со вас.
Фустан бр. 4
Не сте многу доверливи. Вашите најблиски ве знаат одлично, па затоа и свесни се дека секој мора да се потруди за да ја стекне вашата доверба. Вие важите за верна сопруга и извонредна мајка.
Фустан бр. 5
За вас секогаш на прво место е еманципацијата на жената. Ги обожавате предизвиците и никогаш не се откажувате од вашата цел. Обожавате да експериментирате и сте жена полна со страст!