ТЕСТ: За каков човек ќе се омажите- Богат или сиромашен?
Кога станува збор за бракот, постојат многу фактори кои го определуваат неговиот успех или неуспех. Важно е партнерите секогаш да се поддржуваат меѓусебно и да бидат на иста бранова должина.
Особено да споделуваат ист заеднички став за семејните финансии, бидејќи парите се една од главните причини, кои најчесто доведуваат до расправии, а неретко и до развод.
За денес ви подготвивме еден краток забавен тест, кој ќе го открие вашиот однос кон парите и дали еден ден ќе се омажите за некој принц.
Погледнете ја илустрацијата: Што прво ви привлече внимание?
Одговори
1. Бродот
Доколку прво нешто што забележавте беше бродот, тоа значи дека вие сте емотивна личност, која секогаш го слуша своето срце. Постои голема веројатност да се омажите за богат човек, но исто така подеднаква голема е веројатноста вашиот живот да го сврзете со сиромашен уметник, кој живее во некоја скромна куќа подалеку од сите. За вас на прво место е љубовта, при што парите воопшто не ве интересираат. Секогаш следете го срцето и со сигурност ќе ја пронајдете среќата.
2. Мажот на карпата
Доколку прво го забележавте човекот на карпата, тоа значи дека вие сте личност која најчесто сака од далеку и тоа не се однесува само за луѓето. Иако луксузните автомобили и скапите куќи сè уште се надвор од вашиот опсег, сепак вие имате големи шанси, не да се омажите за богат човек, туку лично, самите вие да се збогатите, што е одлична вест за вас.
3. Водата
Доколку водата прва ви го привлече вниманието, вие сте доста спокојна и мирна личност на прв поглед, но како што се народски вели, тивката вода- брег рони. Вие сте мистериозна, но исклучително шармантна личност, а луѓето околу вас ги привлекувате како магнет, вклучувајќи ги и богатите мажи. Доколку посакувате да се омажите за богат маж, тоа лесно може да го остварите, но не заборавајте дека меѓу вас треба да постои и вистинска хемија и љубов.
4. Птиците
Доколку прво ги забележавте птиците, вие по природа сте личност која доста мечтае и копнее за нешто повеќе. Многу сте амбициозни, секогаш целите кон високо и сакате да имате сè. Поради оваа ваша голема самодоверба, лесно ќе запознаете богат маж, но вашата сила може истиот да го заплаши и истиот да помисли дека сте со него само заради парите.
5. Облаците
Доколку прво ги забележавте облаците, вие сакате работите да течат природно и спонатно. Вашиот ум е често преокупиран со филозофски и духовни прашања, а парите не ве исполнуваат нешто посебно. Доколку се омажите за богат маж, единствената причина за тоа би било дел од неговото богатство да може да го донирате за хуманитарни цели.