Дали стравот зад Вас е трауматично чувство на беспомошност што сте го доживеале во одреден период од животот, од детството, или можеби има врска со родителите? Нашата потсвест крие многу емоции, за кои можеби не сме свесни. Во психологијата постојат т.н. проективни психотерапии кои ги откриваат најдлабоките чувства. Еден од таквите тестови е и овој, со кој ќе Ви го открие најголемиот страв во животот. Едноставно поставете си го прашањето: „Што најпрвин забележав на фотографијата?“ Одговорите ќе ги пронајдете подолу.

 

 

 

 

Девојче

Ова покажува дека Вашите потиснати емоции најверојатно доаѓаат од детството. Може да биде повреда од детството или дури и за време на бременоста, породувањето или во самиот почеток на неонатална фаза. Ако детето поминува премногу време во болница далеку од неговата мајка, веројатно тоа може да биде несвесно рефлектирано во различни стравови, како што е страв од донесување одлуки.

Пеперутка

Пеперутката е симбол со многу значења. Според толкувачите на соништата, светла и колоритна пеперутка е знак за добра надеж, нов настан во животот, нова среќна и просперитетна фаза. Темна пеперутка со живописни бои на крилата се поврзува со пропуштена можност за која не сме знаеле или не сме ја препознале, а можела да ни биде од корист. Важноста на овој симбол потекнува од духовно верување според кое пеперутките водат до светот на мртвите. Тие ја водат душата во живот по смртта.

Ако прво сте ја забележале пепрудата на сликата, можно е да имате потреба да го најдете Вашиот пат низ животот или во душата на луѓето кои веќе ги нема.

Јагода

Лоцирана во центарот на сликата и поголема отколку во реалноста, јагодата го симболизира срцето и љубовта. Според една легенда, Венера не можела да престане да плаче поради смртта на Адонис, а од секоја нејзина солза, се создавале јагоди.

Ако прво ја видите јагодата, тоа може да значи дека се плашите дека Вашата љубовна врска ќе заврши лошо или дека ќе се заљубите во некој што не е за Вас и не Ви одговара. Луѓето кои имаат такви стравови често имаат врски кои немаат иднина. Коренот на овој страв е во сложениот однос со еден од родителите во детството, но и со односот помеѓу родителите и начинот на кој тие ја изразувале својата љубов.

Черепот

На сликата нема череп, но тоа е оптичка илузија. Некои луѓе не го гледаат додека некој не им го покаже, но ако го гледате без да се сконцентрирате на фотографијата, тоа покажува дека веројатно живеете во страв од разочарување од другите луѓе. Тоа исто така може да биде страв од Вашата смрт или смрт на некој близок. Причина за овој страв може да биде фактот дека во минатото сте се чувствувале ужасно беспомошно во некои ситуации, на кои не сте можеле да влијаете.

Двете стебла

Стеблото е симбол на нашите корени, а во овој случај дрвјата создаваат мост, кој може да укаже дека во Вас има конфликт, кој се уште не сте успеале да го решите.