Денес ви претставуваме рецепт за универзално тесто со квасец а без јајца и млеко, кое е одлично за пити, пица, кифли, ролати и слично, кое е толку меко, што буквално се топи во уста!

Тесто без јајца и млеко

Денес ви претставуваме рецепт за универзално тесто со квасец а без јајца и млеко, кое е одлично за пити, пица, кифли, ролати и слично, кое е толку меко, што буквално се топи во уста!
Total Time1 hour 30 minutes
Course: Десерт, Појадок
Cuisine: италијанска
Клучни зборови: квасец, тесто

Ingredients

  • 900-1000 гр брашно
  • 500 мл вода
  • 30 гр свеж квасец (или 10 гр сув квасец)
  • 50 мл растително масло
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сол

Instructions

  • Здробете го свежиот квасец, а потоа кон истиот додадете го шеќерот и добро измешајте ги состојките.
  • Налејте ја целата вода, која е неопходно да е топла, но во ниту еден слуај врела. Следно додадете 100 гр брашно од општото количество.
  • Добро измешајте ја целата смеса брзо, за да не се формираат грутки. Покријте го садот каде се наоѓа смесата со крпа и поставете го на топло место 10-15 минути.
  • Кога тестото ќе биде готово, додадете го растителното масло, солта и преостанатото брашно и замесете. Не го додавајте целото брашно наеднаш.
  • Месете го тестото додека да започне да се одделува од садот и вашите раце. Истото треба да е меко, еластично и не многу тврдо.
  • Премачкајте чист сад со растително масло, преместете го тестото во истиот и покријте со крпа. Потоа оставете го тестото да отстои на топло место, 40-50 минути. Тоа треба да се зголеми 2-3 пати.
  • Готовото тесто може да го употребите за подготовка на било што, пити, пици, кифли, ролати, по ваша желба и вкус.