Надја се породила на 16-годишна возраст, а татко на детето исто така имал само 16 години. Во продолжение прочитајте една животна приказна како нечии постапки можат влијаат врз туѓиот живот.

Кога Надја разбрала дека нејзиното момче Олег не сака да ги види ниту неа, ниту своето дете, тогаш и самата таа изгубила интерес кон сопственото дете Игор. Игор бил одгледан од родителите на Надја, неговите баба и дедо.

На 18 години, младата мајка заминала во друг град, со своето ново момче, при што не се ниту потрудила да им пише на своите родители или пак да праша за својот син. Родителите исто така не ја барале нивната ќерка.

Тие чувствувале огромен срам бидејќи нивната ќерка ја сметале за вистинска кукавица, која го оставила своето дете.

Бабата Валентина и дедото Александар не штеделе ниту енергија, ниту пари, ниту време кога станувало збор за среќата на нивниот внук. Добро го воспитале момчето, вложиле во неговото образование, го воделе на одмори, при што Игор своите баба и дедо ги сметал за вистински родители. Едноставно бескрајно им бил благодарен за сè што направиле за него.

Кога момчето наполнило 18 години, решило да стапи во брак со својата девојка. Сите роднини дошле на свадбата, па дури и неговата биолошка мајка. Во тоа време, таа веќе била омажена по трети пат и имала 2 ќерки. Едното девојче има 10 години, а помалата ќерка 1 година. Игор бил пресреќен кога се запознал со неговите полусестри, бидејќи имал голема желба да ги види, но тие не биле воопшто задоволни.

При средбата, момчето ја искористило можноста конечно да разговара со и со неговата мајка, за да во четри очи ја праша зошто го оставила.

Се подразбира, колку и прекрасни да биле неговите баба и дедо, сепак тие не можат да ги заменат вистинските родители.

Пред самата свадба, се собрало семејството, Надја разговарала со роднините и со восхит раскажувала за нејзините две ќерки. При разговорот, во еден момент Игор ја запраша неговата мајка: „А јас мамо? Што ќе кажеш за мене?“

„Ти? Ти беше грешка на младоста. Твојот татко беше во право, требаше да те абортирам.“- дрско одговорила Надја.

Оттогаш поминале 7 години, а Игор веќе живееше во голем убав стан, заедно со сопругата и нивниот мал син Саша. Еден ден тој доби неочекуван телефонски повик.

„Игоре, сине, здраво! Чичко Дима ми го даде твојот телефонски број, јас сум, твојата мајка. Слушај, знам дека живееш сега на друго место. Баш таму во таа околина, студира твојата сестра, но не ѝ се допаѓа студентскиот дом, а скапо е да бараме стан. Дали може да живееме кај тебе? Сопругот ме остави, знаеш, тешко ми е сама да се грижам за трите ќерки. Едната е студент, другата средно, а најмалата започна да оди веќе во градника.“- рече неговата мајка Надја.

„Се имате јавено на погрешен телефонски број“- кратко одговори Игор и ја поклопи слушалката.

Веднаш потоа, отиде до неговиот син и го зеде во раце. „Да се подготвиме, да ја земеме мама и сите заедно одиме да ги видиме баба и дедо, дали се согласуваш?“- му рече тој на малиот Саша.

„А викендот ќе отидеме на кампување, нели?“- праша малото момче.

„Се подразбира, семејните традиции никогаш не треба да се забораваат!“- му одговори Игор.

Кога дознале родините за постапката на Игор кон неговата мајка, повеќето од нив го осудиле, бидејќи не им помогнал на родените сестри и на неговата биолошка мајка. Сепак тој едноставно рекол дека треба да им помага на својата баба и дедо, а не на непознати луѓе, за кои тој е грешка.

Што мислите вие?