Постојат различни видови на мајки, некои се „кул“, додека други се држат до обичаите предадени со генерации. Исто така, постојат и оние кои ги образуваат своите деца дома и оние кои со месеци бараат добар училиште. Едно е сигурно: Да се биде родител е премногу заморно и секоја мајка е совршена во очите на своето дете! А еве кои се 3-те хороскопски знаци кои го развиваат мајчинскиот инстинкт уште од најрана возраст.

Риби

Рибите инспирираат љубов кон уметноста на своите деца и се обидуваат на секаков начин да им ги развијат талентите. Децата на рибите се оние деца на игралиштето, кои секогаш ќе ги делат своите играчки со другите и ќе ги послужат останатите деца со своите слатки. Екстремно чувствителни, емоционални и внимателни. Овие мајки не се од најстрогите во однос на домашните, но едно е сигурно – нивните деца се многу среќни и со слободен дух!

Овен

Исклучително посветени мајки! Овните можат да си ги одземат омилените нешта за да заштедат за лекции, спорт, камп или нешто слично. Тие ги охрабруваат своите деца да се справат со различни предизвици и да не се плашат од непознатото. Понекогаш тие можат да бидат многу упорни и да го пополнат распоредот на децата до крај, но само за да им обезбедат добра иднина.

Близнаци

Близнаците мајки можат да зборуваат за сè со своите деца, и обично „секс разговорите“ се одвиваат на многу рана возраст. Соодветно на тоа, нивните деца развиваат одлични комуникациски вештини и се свесни за светот околу нив. Една од работите што ја прават мајката Близнак толку уникатна е тоа што ги разбира проблемите на своето дете, без разлика на пол и возраст.