Тиквички на уникатен начин – Со 3 јајца, малку кашкавал и сирење, резултатот се топи во уста!
Дури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути!
Тиквички на уникатен начин
Дури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути!
Servings: 4
Ingredients
- 2-3 тиквички (исечени на полумесечини со дебелина од 1 цм)
- 1/4 кафена лажица сол
- 1/3 кафена шолја павлака
- 3 јајца
- 1/4 шолја изрендан пармезан
- 3-4 чешниња лук
- 1 кафена лажица сув босилек
- 1/8 кафена лажица сомелен индиски орев
- 1/4 кафена лажица свеж мелен пипер
- 1 и 1/2 шолја изрендан кашкавал
- 2 супени лажици путер
- Малку исечен свеж магдонос
Instructions
- Загрејте ја рерната до температура од 250°C. Земете соодветен сад за печење со дијаметар од 24 цм и истиот премачкајте го со масло за готвење.
- Додадете ги исечените тиквички во садот и одозгора посолете со сол, добро измешајте и оставете ги на страна да отстојат.
- Во сад измешајте ги павлаката, јајцата, сирењето, лукот,босилекот, индиското оревче и сомелениот пипер.
- Додадете половина шолја рендан кашкавал врз тиквичките, апотоа исипете ја претходната готова смеса и на крај поставете парчиња путер врз сосот и тиквичките.
- Поставете го јадењето да се пече 25 минути во загреаната рерна. Потоа извадете го и додадете го преостанатиот рендан кашкавал. Печете дополнителни 7 до 10 минути или додека кашквалот да добие кафеава боја и тиквичките да омекнат.
- Извадете од рерна и оставете да отстои 10 минути. Декорирајте со магдонос и сервирајте.
- Во јадењето може да додадете и пилешко месо по ваша желба, но неопходно е истото претходно да биде сварено и исечено.