Тиквички во бешамел сос – „Не ги сакав сè додека не го пробав овој рецепт! Сега ги обожавам!“
Потопени во вкусен сос, а одозгоре покриени со златна кора од кашкавал, тиквичките приготвени на овој начин никого нема да остават рамнодушен, а дури и оние кои не ги сакале, сега ќе ги обожаваат!
Тиквички во бешамел сос
Потопени во вкусен сос, а одозгоре покриени со златна кора од кашкавал, тиквичките приготвени на овој начин никого нема да остават рамнодушен, а дури и оние кои не ги сакале, сега ќе ги обожаваат!
Servings: 4
Ingredients
- Половина кг тиквички
- 300 гр домати
- Половина кг свежи компири
- 20 гр свеж копар
- 150 гр кашкавал
- 3-4 чешниња лук
- По вкус сол и мелен црн пипер
За бешамел сос
- 500 мл пресно млеко
- 2-3 супени лажици брашно
- 50 гр путер
Instructions
- Најпрво пригответе го бешамел сосот. За таа цел, загрејте го путерот во тава, а потоа кон него додадете 2-3 лажици брашно и мешајте неколку минути, додека смесата да добие златна боја.
- Следно, бавно започнете да го додавате пресното млеко, додека непрекинато мешате. Потребно е да се добие сос со средна густина. Пред да го исклучите оганот, додадете зачини по ваш вкус, свеж копар и лук.
- Сега распоредете го јадењето на слоеви во сад за печење. Првиот слој е сосот, вториот – исечените парчиња компир премачкани со сос, третиот слој се исечените тиквички, исто така покриени со малку сос, а последниот слој се доматите.
- Зеленчуците треба да бидат посолени, а може да додадете и мелен црн пипер по ваш вкус.
- Загрејте ја рерната на 170°C и поставете го јадењето да се пече 1 час. Потоа извадете го садот, одозгора нанесете рендан кашкавал и вратете го јадењето во рерна, да се пече дополнителни 10-15 минути.