Тинејџерка си го заборавила целото семејство поради болест
Тинејџерка има среќа да биде жива откако нејзиниот мозочен грип погрешно беше дијагностициран како училишен стрес – сè додека не го заборави целото семејство.
На Рафаела Домингос, која сега има 17 години ѝ беше дијагностициран енцефалитис – воспаление на мозокот – откако претрпела напади, дома, пред нејзините родители.
Рафаела не успеа да ги препознае своите родители Хорхе 50, менаџер во паб и Флорбела Домингос 48, од Кент. Ова ги ги вознемирило родителите да побараат второ мислење, откако прво им кажале дека загубата на меморијата е „поврзана со стресот“.
Како што се влошуваше меморијата на тинејџерката, збунетите доктори повикаа специјалисти со седиште во лондонската детска болница Евелина, каде на крајот и беше дијагностицирано воспаление на мозокот.
„Тоа беше најголем страв за разлика од сè што некогаш сум го знаела – со нејзиното губење на меморијата, тоа беше како да ја изгубивме. Таа ме погледна празно, со страв во очите, своето дете да те гледа со таков терор, да не те познава воопшто, ми го скрши срцето на парчиња.“, вели нејизната мајка.
Рафаела сега е подобро и гледа да се справи со последиците кои ѝ ги оставиле нападите.