„Тивката“ женска болест, која убива повеќе од 70% од нејзините жртви
Американското Здружение за борба против рак, известува дека во текот на 2017-та година, во САД, на преку 22.000 жени им бил дијагностициран рак на јајчниците.
Според прелиминарните оценки, 14.000 од пациентките, за жал нема да ја преживеат оваа болест.
Зошто овие бројки треба да ни послужат како предупредување?
Бидејќи ракот на јајчниците е „тивок убиец“. Заболувањето често не се манифестира преку конкретни симптоми, при што затоа се дијагностицира во неговите доцни фази.
Водечки онколози тврдат дека во случај на рано откривање на рак на јајчниците, продолжувањето на животниот век кај пациентките е од 5 до 7 години, доколку пациентката не е повозрасна од 35 години.
Опасноста се сокрива во евентуален релапс.
1. Откривање на рак на јајчницте
За време време на една научна конференција за Светскиот ден на борбата против рак на јајчниците, кој се одржува секој 8-ми мај, експертите потврдија, дека на секои 6 месеци, секоја жена треба да направи трансвагинален ултразвук на јајчниците. Ова особено важи за оние жени, во чие семејство, веќе имало историја на вакво заболување кај друг член.
Првите симптоми на кои треба да се обрати внимание, за да се исклучи можноста за рак на јајчниците, се симптоми многу слични на колитис.
Важно е да се истакне дека овој вид на рак се среќава главно кај жени на возраст меѓу 30 и 60 години.
Симптомите на оваа болест лесно може да се помешаат со други видови на заболувања.
2. Симптоми на рак на јајчниците
- Периодична или постојана подуеност на стомакот
- Опстипација, вознемирен стомак или чести болки, кои можат да бидат предупредувачки знак
- Интензивна и постојана болка во кралицата е еден од основите симптоми
- Болка во долниот дел од грбот
- Неконтролирано уринирање, болка или чувство на горење при уринирање
- Нагла загуба на телесната тежина
- Постојано чувство на замор
- Болка за време на интимен однос
Доколку ги откриете овие симптоми кај вас, тогаш неопходно е да се консултирате со лекар и да направите соодветен преглед.
Внимателно следете ги сите промени што се случуваат со вашето здравје и практикувајте редовно правење на лекарски преглед.