„Точно 7 минути ми беа потребни да ја исчистам загорената пегла и да ја направам како нова“
Не брзајте да ја исфрлите вашата пегла само затоа што таа веќе некое време не ја пегла облеката толку професионално како порано, бидејќи на нејзината површина се образувале изгореници од синтетика и пластика.
Едноставно само потребно е да знаете како правилно да ја исчистите, а денес ви откриваме токму таков лесен начин, за кој нема да биде потребно да купувате специјални средства или производи.
Како ефикасно да ја исчистите пеглата одвнатре
Измешајте вода и обичен оцет за готвење во еднаков сооднос. Исипете ја добиената течност во пеглата и поставете го уредот вериткално, а потоа едноставно вклучете го. Оставете ја пеглата така 10 минути. Уредот ќе се вклучува и исклучува 10 пати, а потоа пуштете пареа од истиот.
Следно, наполнете ја пеглата со обична дестилирана вода и повторете ја постапката. Растворете ќесичка со лимонска киселина во чаша топла вода. Повторете ја процедурата како претходно.
Следно, наполнете ја пеглата со газирана вода до врвот. Повторно, повторете ја процедурата. Превентивно практикувајте го овој третман за пеглата на секои 2 недели.
Како брзо да ја исчистите пеглата однадвор
Измешајте оцет и сода бикарбона до добивање густа смеса. Добиената смеса нанесете ја врз површината на пеглата, оставете малку да отстои и потоа избришете со чиста крпа.