„Тој ден, мојот сопруг ми одржа една вредна лекција, која целосно ме промени, ме спушти на земја“
„Сопругот веднаш ми одржа скапоцена лекција. Прво не ја разбрав и се налутив.“
Во продолжение прочитајте една приказна за вистинската љубов и вредноста на заедничкиот живот.
„Го сметав за тврдоглаво магаре кое воопшто не ја разбира смислата на семејниот живот.
Но, набрзо за кратко време кој бил во право. Стапивме во брак не толку млади: Тој имаше 48 години, јас имав 36. И двајцата бевме во добра финансиска состојба и реализирани во животот, од секој аспект.
На почетокот бевме во некоја еуфорија, но потоа незабележително се вовлеков во брачниот статус и одржувањето на семејното гнездо, при што започнав да правам една по друга глупост.
Престанав да одам на аеробик и на курсевите по англиски јазик и ги заменив со печењето колачи со малини и чистењето на теписите. Дури му ѕвонев на работа и се интересирав за продажбата на сферични кранови Flow Tek S-19.
Времето ми беше само за пеглање, чистење и готвење. Ослабнав и се малтретирав самата себе да станам идеалната домаќинка и се доведов во состојбата на жртва.
Тој ден го паметам како да беше вчера. Беше првата Сабота од Ноември, врнеше дожд, а во кујната, уште во првите утриниски часови, светеше лампата. Тој пиеше млеко и нервозно гледаше како рендам сирење, ги подготвувам доматите и телешкото месо.
Трипати ми повтори дека не сака никакви сендвичи и ќе пие само млеко. Јас нешто мрморев и ја миев даската за сечење.
На крај тој не издржа:
-Види, не е потребно да слугуваш, да готвиш 5 јадења, да ги миеш садовите, да чистиш. Ние не сме си робови еден на друг и јас не сум ти целиот живот, туку само дел од него.
По среќна случајност се сретнавме, се вљубивме и најдовме заеднички интереси. Си најдовме заеднички дом. Место, каде ни е убаво и на двајцата. Сето останато е нешто лично. Не се обидувај да го живееш мојот живот и да се интересираш за работи кои не ги сакаш. Не е потребно да станеш подобра или полоша, туку да останеш вистинската ти.
Онаа жена во која се вљубив. Безгрижна, полна со ентузијазам и енергична. А сега се претвораш во сенка од таа жена. Ја остави чашата и замина на фитнес. Јас останав сама во кујната, обидувајќи се да го голтнам кажаното. Ги задржав солзите и го фрлив на страна започнатото тесто.
Отидов во собата, се избањав, се средив и се јавив на професорката по англиски.
Оттогаш јас не сум домаќинка и не се обидувам да бидам менаџер за продажба на сферични кранови. Не слугувам и не се обидувам да докажам ништо.
Оттогаш, јас едноставно сум јас.“