Торта со карамела од 2 состојки – Рај за сите сетила, после секое парче, посакувате уште едно
Речиси многу малку луѓе може веднаш да погодат од што е приготвен овој чудесен десерт. Со само 2 состојки, резултатот навистина е неверојатен. Вкусната торта со карамела никого не остава рамнодушен!
Торта со карамела од 2 состојки
Речиси многу малку луѓе може веднаш да погодат од што е приготвен овој чудесен десерт. Со само 2 состојки, резултатот навистина е неверојатен. Вкусната торта со карамела никого не остава рамнодушен!
Servings: 4
Ingredients
- 8 белки
- 300 гр шеќер за карамелот (+ 60 гр за белките)
Instructions
- Најпрво пригответе ја карамелата, што е многу едноставно. Поставете тава на умерен оган и започнете да го загревате шеќерот. По неколку минути, шеќерот ќе започне да ја променува бојата.
- Мешајте со шпатула, за да топлината се распространи подеднакво на целата површина. Продолжете да го загревате шеќерот на слаб оган, додека да се претвори во светла карамела и се раствори.
- Вака треба да изгледа крајниот резултат: Шеќерот претворен во течна карамела.
- Готовата карамела веднаш исипете ја во соодветен сад и по ѕидовите, за да потоа ги покрие рабовите на тортата.
- Во исто време изматете ги белките со 60 гр шеќер, а потоа внимателно поставете ги белките врз смесата од карамела и порамнете со шпатула.
- Садот со тортата поставете го во поголема тава, а во тавата налејте малку вода, за да се добие ефект на водена пареа. Поставете ја тортата да се пече 35 минути во претходно загреана рерна на 160°C.
- По 35 минути, белките ќе се зголемат и ќе потемнат. Извадете го садот и веднаш покријте го со хартија, а потоа оставете да се излади. Штом ќе се излади, при сервирањето, едноставно свртете го десертот, за да карамелот биде одозгора.