Сезоната за зимниците е на прагот и сите ние сакаме да си приготвиме вкусни јадења или додатоци кои ќе ни бидат од корист во студените зимски денови. Доматите можат да се искористат во повеќе рецепти за зимница, а овие рецепти се брзи и едноставни така што ќе имате повеќе време да посветите на останатите работи, како на пример ајварот.

Рецепт со печени домати и пиперки

Потребни состојки

-Домати – 2 кг
-Пиперки – 1 кг
-Магдонос – 1 грст
-Целер – лисја
-Сол

Исчистете ги пиперките од семето и рачките и исечете ги на парчиња. Доматите се чистат од зеленото околу рачката и исто се сечат на парчиња. Производите се мелат во мелница за месо, по можност во голема решетка. Додајте ситно сецкан магдонос и целер во мешавината. Додадете сол и промешајте. Добиената смеса се распределува по тегли кои се затвораат цврсто и се стерилизираат околу 25 – 30 минути.

Сос од домати брз рецепт

-Црвени домати, добро зрели
-Сол
Добро измиените домати се сечат на парчиња и се мелат во машина за мелење. Се солат по вкус. Се ставаат во шишиња или тегли се затвораат херметички и се стерилизираат 20-25 минути од завривањето на водата.

Кечап лесен рецепт

-10 кг домати
-1 кг кромид
-500 гр јаболка
-20 лажици Шеќер
-3 лажици Сол
-1 лажиче. Бибер
-1 лажиче. Ким
-1 лажиче. Цимет
-1 лажиче. морско оревче
-1 чаша Оцет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Доматите се мелат. Кромидот и јаболката се варат во доматен сос и се пасираат додека не станат кашести. Сето ова се вари на тивок оган додека не стане густо како нектар. Се додаваат сите зачини и така се вари уште 10-15 минути. Потоа се става во шишиња и се стерилизира 5-7 минути.