Третманот со микроигли за природно подмладување на жените над 35 години е достапен и во Македонија

Сите сме запознаени со третманите со ботокс за брзо корегирање на недостатоците на лицето, кои се прилично ефикасни. Но, не толку луѓе слушнале за микроиглите, новиот неинвазивен начин да се постигне младешки, свеж изглед на кожата. Во оваа статија ќе дознаете за што станува збор, како функционира и каде можете да го добиете овој третман кај нас.

Што е дермаролер?

Тоа е уред со мали иглички, кој нежно се притиснува до лицето и вратот со што се прават контролирани, нежни микроубоди, со ова кожата преминува во „режим на поправка“. Оние што стравуваат од игли, не треба веднаш да ја отфрлат оваа техника бидејќи, во зависност од уредот што се користи, должината на микроиглите на дермаролерот може да варира од 0,5 до 3,0 мм, што е неверојатно мало во споредба со традиционалната игла. И, овие уреди се доволно нежни да се користат околу деликатната област околу очите.

Кои се придобивките од дермаролерот?

Кога вашата кожа ќе почне да се поправа само од себе предизвикува стимулација и продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни, и брчките на кожата, како и стриите. Исто така помага да се затегне кожата и да добие посвеж и младешки изглед.

Што треба да очекувате од професионален третман со микроигли?

Третманот може да се прилагоди на специфичните потреби на пациентот и може да резултира со благ оток и еритема и црвенило. Сепак, во зависност од тоа колку милиметри се иглите, овие симптоми може да траат еден до два дена. Ваквите третмани потребно е да се прават во реномирани ординации со цел да се избегнат несакани ефекти, кои се резултат на работа во непрофесионални услови и со повторено користење на исти ролери.

Колку пати и колку често ќе треба да го повторувате овој третман?

Бројот на третмани зависи од состојбата на кожата, но обично се потребни 3-5 третмани во интервали од 2 недели со третмани за одржување на секои 6-9 месеци.

Кога може да очекувате да ги видите резултатите од дермаролерот?

Со третманите во професионалните ординации, видливи резултати се забележуваат после 1-3 недели, бидејќи за зголемување на еластинот во дермисот е потребно време. Доколку сакате да добиете одлични резултати од третманот препорачливо е да се комбинира со мезококтели за репарација или ПРП третман.

Каде да си закажете ваков третман?

Треба да се напомене дека не треба здравјето на вашето лице да го препуштате во рацете на аматери или пак самостојно да се обидувате да го користите дермаролерот. Вистински професионалци кои можат да ви помогнат да добиете помазна кожа и да ѝ го вратите сјајот можете да најдете во дерматолошко естетската ординација „Др Анчевски“. Кај нив вашето лице е во сигурни раце, закажете си третман што е можно поскоро и „вратете се во младоста“.

Related Posts

Тајниот еликсир за согорување маснотии постои веќе 2000 години и ни е добро познат на сите!

Тајниот еликсир за согорување маснотии постои веќе 2000 години и ни е добро познат на сите!

Што се тие бели мозолчиња што се појавуваат околу вашите очи (Не ги стискајте!)

Што се тие бели мозолчиња што се појавуваат околу вашите очи (Не ги стискајте!)

Зошто да подарите парфем за Свети Валентин

Зошто да подарите парфем за Свети Валентин