Трикови со оцет за беспрекорно чиста куќа
Со цел куќата да биде секогаш чиста, уредна и во совршена состојба, добрата домаќинка исто така мора да знае некои трикови за да се справи со мали домашни проблеми. Моќно средство за чистење е оцетот. Еве неколку трикови со оцет:
- Ако имате мали деца дома, кои сакаат да лепат налепници на прозорците, можете да ги отстраните со оцет. Натопете сунѓер во топол оцет и исчистете ги.
- Исто со оцет и малку вода можат да се отстранат жолти дамки на бела долна облека. Ставете оцет на дамките и оставете да отстои една ноќ. Наутро исперете откако сте ги исплакниле со ладна вода.
- Можете да ги освежите теписите и ткаенините во вашиот дом ако со парче крпа натопена во оцет и вода поминете низ нив. На еден литар вода, додадете една лажица оцет.
- Ако подот ви е мермерен, можете да ги исчистите дамките и нечистотијата на него, со крпа натопена со оцет.
- Апаратот за кафе ќе блесне како нов доколку од време на време варите оцет во него.
- Миризбата на фрижидерот и замрзнувачот ќе исчезне ако ги миете со топла вода во која претходно сте го раствориле оцетот.
- Со малку топол вински оцет, можете да ја исчистите мрсната плоча на шпоретот.
- Доколку ви загорело дното од тенџерето, едноставно ставете во него чаша оцет да се вари, одреден период.