Трикови за како да го смирите немирниот ум што ве одржува будни цела ноќ
Еве го повторно доаѓа. Легнувате во вашиот кревет со широко отворени очи, а мислите почнуваат да ви поминуваат низ главата со брзина на светлината. Релаксирачка бања, чаша топло млеко, боење, ништо не ви помага да излезете од овој луд рингишпил на мисли. Дури и оние од нас кои немаат проблеми со спиењето понекогаш се чувствуваат вознемирени поради немирниот ум. Но не грижете се, постојат начини да го вратите квалитетниот сон.
Ние собравме неколку совети и трикови кои можат да ви помогнат да ги скротите мислите и да заспиете побрзо.
Фокусирајте се на „овде и сега“.
Мислите што не нè оставаат да заспиеме често се поврзани со минатото или иднината. Ние се грижиме за она што може да се случи, или жалиме за работи што сме ги направиле (или не сме ги направиле) во минатото. Ако ова ви се случи, обидете се да се фокусирате на она што се случува токму тука, токму сега. Не можеме да го смениме минатото, ниту можеме да ја предвидиме иднината, сегашниот момент е нешто што можеме да го контролираме, и оваа промена на фокусот може да доведе релаксацијата што ни е потребна.
Тргнете ги вашите електронски уреди настрана.
Користењето телефони, лаптопи и таблети пред спиење може да го подигне нивото на стрес, особено ако читате или гледате вести или други работи што ве загрижуваат. Освен тоа, светлината од овие електронски уреди лошо влијае на производството на мелатонин во вашето тело, правејќи го заспивањето уште потешко.
Одвлечете си го вниманието.
Сега кога ги тргнавте телефонските урени настрана, можете да размислите за некои поздрави алтернативи. Може да испробате смирувачко хоби или релаксирачка активност што најмногу ви одговара, како што се читање, боење, слушање музика, одење на прошетка или готвење. Кога не можете да заспиете заради вашиот немирен ум правењето релаксирачка активност ќе ви помогне да го пренасочите фокусот од овие мисли.
Вдишете арома на есенцијално масло од лаванда.
Есенцијалното масло од лаванда често се користи во ароматерапијата за ослободување од стрес, релаксација и подобар сон. Може да посипете неколку капки на пешкир или крпа или да додадете малку масло во вашата бања. Есенцијалните масла можат да предизвикаат алергиски реакции, затоа бидете внимателни кога ги користите.
Обидете се со техника за релаксација на мускулите.
Оваа техника за релаксација можете да ја користите и во вашиот кревет. Еден по еден, затегнете ги па потоа опуштете ги мускулите, движејќи се од прстите на стапалата до главата. Оваа вежба ќе ви помогне да ги релаксирате затегнатите мускули и ќе ве присили да се фокусирате на овие делови од вашето тело наместо на мислите кои ви се вртат во глава.
Не принудувајте се да заспиете.
Наместо да се обидувате да заспиете, станете од кревет и направете нешто. Пијте чај, прочитајте книга или напишете нешто во вашиот дневник и вратете се во кревет кога ќе се почувствувате поспани. Останувањето во кревет и принудувањето да спиете може да го натера вашиот мозок да го поврзе креветот со несоница и грижи, претворајќи ја вашата спална соба во место каде што е тешко да спиете.
Обидете се со вежби за дишење.
Немирните мисли честопати се поврзани со стресот, а стресот прави нашите срца да чукаат побрзо и ја зголемува брзината на дишењето. Бавното, длабоко дишење може да ви помогне да ги смирите и сталожите мислите. Може да пробате и други вежби и техники за дишење што можете да ги практикувате во секое време за да спречите стрес и вознемиреност.