Трогателно: Како на еден обичен ден гледа мајката, а како ќерката
Покрај секојдневните обврски и извршување на задачите, мајките често забораваат дека токму малите нешта се најважни. Да, шопинг, правење торта и промената на пелени не ни се чинат како неверојатни, грандиозни подвизи, но всушност малите моменти го исполнуваат животот на децата со магија.
Блогерката Естер Андерсон создала трогателно видео “Еден нормален ден”, во кое ќе видите како една мајка минува низ сосема обичен ден – шопинг, секојдневно попладне, извалкани пелени итн. Мајката во видеото едвај сфаќа дека нејзината мала ќеркичка имала толку прекрасен ден токму поради неа.
Одеднаш нормалниот ден за мајката станува “најубавиот ден!” според зборовите на нејзината ќерка.
Видете ги двете различни перспективи во видеото: