3 итни чекори кои треба да ги преземете за да ја спасите кожата од предвремено стареење, кое го предизвикува летото
Летото заврши и најголем дел од нас го искористивме максимално. Без разлика дали е море, базен или едноставно релаксирање на викендичка сите го впивавме сонцето и уживавме во неговите зраци. Но, оваа мислување нема среќен крај. Штетните ефекти од ултравиолетовите зраци го забрзуваат процесот на предвремено стареење на кожата, па за некои дури ниту кремите со заштитен фактор не се гаранција.
Така на крајот на летото остануваме со убави спомени, но со дехидрирана, исушена и груба кожа на лицето. За среќа дерматолозите препорачуваат 3 чекори кои можеме да ги преземеме за да си ја вратиме свежината и виталноста на нашето лице.
Прв чекор: Микродермоабразија за чистење на мртвиот слој на клетки.
Микродермоабразија или позната како кристален пилинг е процедура со која се отвараат запушените пори со што кожата полесно дише, се стимулира циркулацијата, се регенерираат и поттикнуваат природните фукнции на кожата и клеточно обновување.
Добрата вест е што овој третман може да се применува кај секаков вид на проблеми со кожата, без разлика дали имате мрсна кожа или пак сува. Колагенот и еластинот се клучни елементи за младоста на вашата кожа на лицето, а со овој третман тие несомнено ќе се обноват. Секако запомнете дека овој и останатите два третмани треба да ги извршувате во специјализирани дерматолошки ординации.
Втор чекор: Мезотерапија за длабока хидратација.
Вториот чекор за доближување до вашата фонтана на младоста е мезотерапијата. Оваа техника користи многу фини игли за да достави серија инјекции во средниот слој (мезодермот) на кожата. Разликуваме неколку вида на мезотерапија од зависност на ситуацијата и желбите на самиот клиент: Мезотерапија со витамини и микроелементи, со хијалуронска киселина и колагенска мезотерапија.
Со консултација со професионален дерматолог ќе може да се заклучи кој тип на мезотерапија е најсоодветен за вас. Доколку сакате да дознаете повеќе за мезотерапијата, кликнете тука.
Трет чекор : Clearlift ласерски третман за освежување и затегнување на кожата.
ClearLift е неинвазивен ласерски третман кој на безболен и побезбеден начин ќе ви ги обезбеди истите па и подобри резултати од хируршкиот лифтинг. Оваа метода стана многу попуарна во изминатите години, затоа што нуди одлични резултати кои се видливи за кратко време. Со овој вид на лифтинг кожата е видно подмладена, освежена и блескава и целосно ќе заборави на „темните денови“.
Сите овие третмани можете да ги најдете во добропознатата дерматолошко естетска ордиација Др Анчевски. Нивните дела гарантираат за нивниот квалитет и услуга и никогаш не треба да заборавиме дека нашето лице, кожа и тело треба да ги препуштиме само во рацете на вистински професионалци. Затоа не се двоумете закажете си консулатации во Др Анчевски и „простете“ му ги „грешките“ на летото.