Цел на критики: Меган Маркл се појави во кратки панталони и ги покажа затегнатите нозе
И покрај фактот дека веќе не е во близок однос со кралското семејство, сепак од Меган Маркл јавноста и понатаму очекува да ги следи протоколите и да ги почитува кодексите на облекување.
Но, со сигурност може да се каже дека војвотката сега ужива и многу повеќе ја цени нејзината слобода од било кога, а токму ова го докажа и со нејзиното најново модно издание кога се појави во јавноста од неодамна.
Наместо очекуваната класична облека, Меган беше фотографирана облечена во кратки панталони, што е неочекувано за една војвотка и но покрај тоа, многумина беа воодушевени од нејзината фигура, особено од затегнатиот изглед на нозете.