Цел живот погрешно сме ги вареле јајцата, е еве кој е правилниот начин за совршен резултат
Како вообичаено ги приготвувате јајцата? Едноставно го полните тенџерето со вода, го ставате на оган, чекате уште неколку минути за да зоврие водата и тоа е сè! Но, тогаш настанува проблем: Доколку јајцата се преварени, околку жолчката се јавува не толку привлечна зелена линија.
Или пак жолчката може да се разлее по целата чинија, а не на секој му се допаѓа вака приготвеното јајце.
За денес ви ја откриваме тајната на совршено приготвените јајца!
Како правилно да ги свариме јајцата за да истите бидат совршено приготвени?
Налејте вода во тенџерето и поставете го истото на оган. Почекајте водата да зоврие. Во тенџерето поставете цедалка, а во цедалката додадете ги јајцата, на собна температура.
Покријте ја цедалката со капак и почекајте 9 минути.
Додека јајцата се варат, подгответе сад со студена вода. По 9 минути, преместете го секое јајце од цедалката во садот со студената вода. Оставете ги истите да отстојат така 1 минута.
Следно, извадете ги јајцата од садот и излупете ги.
Прочитајте и: Еве како да излупите варено јајце за помалку од минута и притоа белката да остане целосна
Откако ќе го пресечете јајцето на половина, ќе забележите дека околу јајцето ја нема карактеристичната зелена боја, а дека самата жолчка е сè уште мокра.
Благодарение на оваа техника, вашите јајца ќе бидат секогаш соврешно приготвени, наместо преварени или не доволно сварени.