Целодневна рутина: Овие 4 едноставни совети ќе ви помогнат побрзо и полесно да заспиете
Сонот е еден од најважните елементи кога станува збор за правилната грижа за нашето здравје, убавина и целокупното функционирање на организамот.
Сепак, несоницата и нарушеното спиење се чести секојдневни проблеми со кои се соочуваат многу луѓе. Доколку и вие имате таков проблем и се стремите да го подобрите квалитетот на вашиот сон, тогаш оваа едноставна и лесна целодневна рутина е совршениот трик кој ќе ви помогне да го решите овој проблем:
1. Не консумирајте кофеин 10 часа пред спиење
Експертите советуваат да не консумирате никакви пијалоци кои содржат кофеин 10 часа пред спиење, така што вашето тело целосно ќе се исчисти до самиот моментот кога треба да спиеете.
2. Не консумирајте храна и алкохол 3 часа пред спиење
За да избегнете појава на стомачни киселини и притоа навреме да заспиете, вечерајте најмалку три часа пред спиење. Истото се однесува и на консумацијата на алкохолни пијалоци.
3. Престанете со работа 2 часа пред спиење
Престанете со сите активности поврзани со работата два часа пред спиење за да може мозокот да се смири и да се опушти.
4. Изгасете ги вашите паметни уреди 1 час пред спиење
Сината светлина коа се емитира од екраните на паметните уреди е честа причина која придонесува за несоница и нарушен квалитет на сонот. Затоа, наместо да ја гледате серијата, поминете го последниот час пред спиење читајќи книга, разговарајќи со партнерот или опуштете се со топла купка или медитација