Омиленото сезонско овошје на сите, кое плени со моќна црвена боја, има подеднакво моќни лековити својства. Во продолжние откријте зошто слатките плодови се многу важни за нашето здравје.

Карактеристики

Црешата има огромно значење за овошарското производство. Расте во височина до 32 метри, а потекнува од родот на сливите. Листовите доаѓаат во форма на елипса, а цветовите се карактеризираат со прекрасна форма, бела боја и розева нијанса, а има и хипнотизирачки мирис.

Црешата претставува коскесто овошје, а нејзините плодви се топчесто, уникатно црвени и исполнети со сочен нектар. Позната е уште од праисторијата, односно уште од 8 век, се користеле нејзините плодови.

Од аспект на географијата, сезонското овошје може да се најде во Азја, поконкретно на Крим и Кавказ, но сепак најшироко распространета на Балканот, средна и западна Европа, а ја има и по средоземните области, но во тамошните краеви, нејзината појава станува сè поретка.

Лековити својства

На прво место на долгата листа лековити својства што го има ова уникатно овошје, се наоѓа неговата моќ за ги штити бубрезите од појава на бубрежен камен, но штити и од бројни уринарни инфекции. Научниците тврдат дека црешите имаат силно антивоспалително дејство и е одличен извор на антиоксиданти.

Ги ублажува болките предизвикани од артритис и воедно можат да го спречат процесот на предвремено стареење. Многу луѓе силните болки од реумата ги лечат токму со природен сок од ова овошје.

Црешите се познати како едно од малкуте овошја кои најефикасно се борат против ракот и срцевите болести. Покрај тоа, овошјето е идеален избор за луѓето кои се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми.

Помага во намалувањето на физичката и психичка исцрпеност, како и стресот, бидејќи помагаат да се намали нивото на лошиот холестерол во крвта, а со тоа ја спречуваат и појавата на мозочен удар.

Го спречуваат појавувањето на кариес и ја прават кожата сјајна и беспрекорна.

Употреба на црешата

Покрај познатото и најраспространето консумирање на црешите, скинати од дрвото, измиени и спремни за јадење, еве уште еден одличен начин како може да го искористите овошјето.

Чај од дршките на црешата за заштита на бубрезите и против уринарни инфекции

Потребни состојки

  • 1 шолја дршки од цреша
  • 1 литар вода

Начин на подготовка

Отстранете ги дршките од овошјето и ставете ги да се варат во сад, во кој претходно сте додале 1 литар вода. Оставете да се варат. Откако водата ќе зоврие, варете ги дршките во времетраење од 2 минути. Потоа исцедете ја смесата и во мали количини консумирајте во текот на целиот ден.

Не се препорачува да се додаваат било какви засладувачи за овој чај.