Турбо лек за болно грло – Го правиш за 5 минути, а дејствува веднаш! Бабински рецепт кој гарантирано лекува
Еден од најчестите проблеми со студеното време е болното грло, кое може да настане како последица на обична настинка, грип или пак на нов вирус, на кој случајно сме се изложиле во градскиот превоз.
Со болното грло се јавуваат и останатите непријатни последици како нерасположеност, надразнетост, недостаток на апетит и чувство на болки при голтањето, односно консумирањето храна и течности.
Токму следната чудесна смеса, која се приготвува за 5 минути, ќе ви помогне да се ослободите од болното грло и болките до самиот крај на денот.
Домашен лек за брзо лекување на болно грло
Пред да го употребите лекот, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Потребни состојки
- Половина кафена лажица мед
- Половина лимон
- Малку сода бикарбона
Начин на подготовка и употреба
Истискајте сок од половина лимон во мал сад, а кон истиот додадете половина кафена лажица мед и малку сода бикарбона, колку на врвот на кафена лажица. Добро измешајте ги состојките, до добивање на соедината смеса со густа пена.
Со мали голтки, бавно консумирајте ја смесата, притоа истата колку што е можно повеќе задржувајќи ја на грлото пред целосно да ја голтнете. Третманот може да го практикувате двапати на ден, наутро и навечер.