Убавица се омажи за маж без раце и нозе, а еве како изгледа парот 7 години по нивната свадба
Необично дете со не помалку уникатна судбина се раѓа во 1982-та година, во прекрасната Австралија. Бременоста неговата мајка, како и раѓањето на херојот на нашата денешна приказна поминуваат сосема нормално.
Но, токму на самото раѓање е откриен сериозен деформитет, односно бебето се родило со тетрамелија т.е отсуство на четирите екстремитети. Иако на почетокот биле многу загрижени, сепак родителите на малиот Ник одлучиле смирено да ја прифатат судбината и со сета сила и љубов да го сакаат нивниот син, притоа да направат сето возможно за да истиот има нормален живот.
Во детството, на Ник му била направена операција, која му овозможила да се движи самостојно. Момчето најпрво посетувало училиште за инвалиди, но со одредени законски измени, бил преместен во редовно училиште. Сепак, тоа не го спречило да напредува, при што Ник може да се пофали со две факултетски дипломи.
Истовремено, Ник бил силно заинтересиран за прочувањето на Бог, а на 19-годишна возраст, започнал да држи мотивациони говори, со кои за кратко време, постигнал неверојатни успеси. Гледајќи човек без раце и нозе, тогаш нашите проблеми и не се толку големи, зарем не? На овој начин Ник успева секогаш да ги мотивира присутните.
Но, покрај успесите, Ник се чувствувал осамено и бил сигурен дека никогаш нема да доживее да оформи семејство. Но, при еден од неговите говори, во публиката забележал девојка, чија убавина и присуство го воодушевило. Таа девојка се вика Михара Канае. По долго дружење, Ник конечно ги признал своите чувства кон Михара, а на негова среќа, истите биле возвратени.
Среќниот пар нивната љубов ја круниса со брак во 2012-та година.
Иако многумина мислат дека Михара се омажила за Ник, поради неговото милионско богатство, всушност тоа не е точно, бидејќи кога се запознале, Ник воопшто не бил богат. По 1 година од свадбата, се раѓа нивниот прв син, следната година, се роди и нивниот втор син, а во 2017-та семејството се зголеми за уште 2 члена, со раѓањето на нивните близначки.
Ник Вујчич денес е светски познат, активен оратор, кој има издадено неколку мотивирачки книги и кој постојано го инспирира светот. Сепак, за негово најголемо достигнување, Ник го смета токму неговото семејство.