Денес навистина хероите не се оние кои носат наметки, туку обичните луѓе кои се борат за подобро утро, како овој храбар средношколец.

Говорот на ученикот, во кој го разоткри вистинското лице на своето училиште, стана вирален хит на Интернет, а смелото момче доби поддршка од илјадници луѓе на социјалните мрежи.

Чарлс Чендлер, кој доаѓа од Вашингтон, по повод својот завршен матурски говор, кој се смета за една училишна традиција во Америка, наместо пофални зборови, како што е вообичаено во секој говор, момчето реши да ја открие вистината.

Средношколецот ја разлути управата и одборот на училиштето, откако во својот говор, одржан на почетокот на овој месец, откри дека претпоставените и вработените не преземале ништо откако тој долго време се жалел и пријавувал врсничко насилство и сексуално малтретирање.

„И до вас, драги мои соученици, кои сте принудени да ги трпите сите работи кои училиштетот ви ги фрла во лице 2 или 3 и повеќе години, училиште во кое администрацијата ги затвора очите и се прави слепа пред она што навистина се случува во нивната образовна институција. Во нивното училиште. Сексуалното малтретирање, врсничкото насилство, депресијата, отфрлените од социјалниот круг, а претпоставените не се обидуваат ништо, апсолутно ништо да направат во врска со тоа.“- вели Чарлс во видеото подолу, а кој инаку е ученик во средното американско училиште „Херитеџ“

https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=1_58dugsDeU

И додека момчето доби огромен и гласен аплауз од страна на соучениците и останатите присутни, кои беа воодушевени од храбриот говор, очекувано, тоа воопшто не им се допадна на претпоставените во училиштето.

„Неговите зборови содржат многу неправилности, многу невистинити и сето тоа е голема лага. Ние ги поддржуваме и охрабруваме нашите ученици во сè“- напиша Дерек Герисон, директорот на училиштето, во отворено писмо до сите родители.

Управата на училиштето јавно побара ученикот да им се извини, а воедно донесе и одлука да му забранат на момчето да присуствува на својата матурска вечер со останатите ученици.

Но, тоа предизвика дополнителни бурни реакции и наместо да го поправи, училиштетот комплетно го уништи својот имиџ. На социјалните мрежи луѓето ја изразуваат целата нивна поддршка за ученикот, а соучениците кои се соочиле со истото, ја потврдија вистинитоста на кажаното во говорот.

„Смешни сте“, „Тврдите дека ги охрабрувате вашите ученици, а токму на храбрата постапка на ваш ученик, вие се обидувате да го замолчите и го принудувате да каже дека лажел“, гласеа дел од коментарите.