Уметница создава ремек-дела цртајќи на усни, но има еден морничав трик. Дали би пробале?
Професионална шминкерка собра 50.000 следачи на социјалната мрежа Инстаграм, а во продолжение прочитајте која е причината зошто толку многу луѓе ја следаат оваа уметница како хипнотизирани.
Мини Меги од западен Јоркшир, Англија, во 2010-та година, додека студирала се сретнала со ‘усната уметност’ додека работела на проект во рамките на универзитетот и оттогаш не престанува да твори.
До сега Мини има направено илјадници дизајни, а нејзината извонредна уметност ја споделува со нејзините обожаватели, кои будно го следат секој нејзин чекор и секое нејзино дело.
“Додека моите врсници се изјаснија да станат ветеринари, борачи и каубојци, уште од осново, на прашањето за мојата идеална кариера и мојот животен пат, мојот одговор секогаш беше уметноста!”– вели Мини
Нејзината уметност варира од луда и откачена, до прекрасна и волшебна, а слави разни тематики како ирскиот празник Св.Патрик, Ноќ на вештерките, па дури се инспирира и од луксузните брендови како Луј Витон и Гучи.
А како самата уметност по себе доволно да не не остава без зборови, Мини се досетила како да ја зацврсти својата уникатност- додавајќи и мртви инсекти.
“Еден ден пронајдов мртва пчела во канцеларијата на татко ми. Среќа, никогаш не се плашев од инсекти, па немав проблем да ја искористам за моето следно дело, при кое нацртав саќе и одозгора ја залепив пчелата. Ова мислам дека беше еден од моите најконтроверзни чекори”– изјавила Мини.
А еве како изгледаат неверојатните ремек-дела на Мини, поради кои заслужено има 50.000 следачи, чиј број не престанува да расте и илјадници допаѓања: