Уметност или вандализам?
Мистериозни цветни аранжмани се појавуваат во целиот Менхетен во текот на последните неколку месеци. Тротоари, канти за отпадоци, статуи и јавните плоштади се главните цели на оваа герилска кампања.
Цветниот дизајнер Луис Милер има мисија да се создаде емотивна реакција во мрачната метропола, тој ги користи цвеќињата за да го постигне тоа.
Секој аранжман има своја идеја и свој стил “Нашата Алиса во земјата на чудата, е многу романтична, женствена и смешна”, раскажува Милер. Букетите се разликуваат и во својата големина. Најголемите се состојат од илјадници цвеќиња како рози, далија и орхидеи. Ако таков букет се создава од фирмата на Милер за даден клиент, тоа би чинело околу 10 илјади долари.
“Ние се обидуваме да ги користиме цвеќиња од некои претходни настани. А со тоа, им даваме втор живот”
Видете ги неговите прекрасни аранжмани и нема да имате сомнеж како ќе одговорите на прашањето “Уметност или вандализам?”