Универзално домашно ѓубриво за потхранување – Со 3 пати нанесување во сезоната, доматите виреат од плод!
Следното универзално домашно ѓубриво за потхранување ефикасно се бори против разните болести и ги штити растенијата, значително го стимулира растот на истите и го зголемува бројот на плодови.
Идеално е за користење за обработка на краставици, домати и пиперки, а еве како лесно може да го приготвите.
Универзално ѓубриво за потхранување
Потребни состојки
- 1 – 1,5 гр борна киселина
- 1 чаша вода
- Сосема малку калиум перманганат
- 1 чаша млеко
- 60 капки јод (1,5 мл)
- 1 кафена лажица уреа
Начин на подготовка
Растворете ја борната киселина во врела вода. Кон борната киселина додадете и калиум перманганат (сосема малку, на врв на нож). Правилно приготвениот раствор би требало да има темно розова боја.
Потоа кон растворот додадете 1 чаша млеко. Благодарение на млекото, растворот ќе се задржи многу подолго на површината на растенијата. Следно, додадете 60 капки јод кој ќе се избори против разни болести и на крај, последно додадете 1 кафена лажица уреа или карбамид, кој ќе ги зајакне листовите и ќе им даде убава зелена боја.
Откако ќе ги измешате сите состојки заедно, добиената смеса растворете ја во 10 литри вода.
Начин на употреба
Најдобро е добиениот раствор да го нанесете врз растенијата со негово прскање. Оваа постапка треба да ја правите минимум 3 пати во текот на сезоната, но може да ја практикувате и на секои 10 дена. По прскањето, листовите треба да бидат добро навлажнети со растворот.