Уживајте во уникатната комбинација на виното и овошјето со најновиот хит за ова лето, VOLIM
Во продавниците и маркетите ќе пронајдете секаков вид на алкохолни пијалаци чии состојки и не ни се секогаш добро познати. Но, што ако ви кажеме дека ќе можете да уживате во егзотични и освежителни вкусови, а притоа да си го пиете омилениот пијалак, белото вино? Општо познато е дека виното одлично оди во друштво со овошјето и затоа често луѓето го додаваат во него, но сепак не се доловува целосно вкусот. Овошното вино VOLIM е тука за да направи драстична промена во светот на овошните вина и да ја разбие монотонијата.
Летото носи топли температури и повеќе забава, а овошното бело вино VOLIM ви носи повеќе освежување. Станува збор за бело вино, со голем број на вкусови, кои му ја даваат главната карактеристика. Она што го прави различно од сите други овошни вина е што го задржува процентот на алкохол како и обичното бело вино. VOLIM има 14,4 % алкохол и нуди уживање со секоја голтка.
Овошното бело вино можете да го пробате во повеќе вкусови: лимон, зелен лимон и нане, јаболко, вишна, јагода и лубеница и многу други. Вкусовите се различни, но квалитетот е ист и константен. Може да се најде на вашата трпеза без разлика дали сакате да се освежите и разладите, или пак уживате во добра чаша вино за време на секој ручек.
VOLIM ја уништува досадата и отвара сосема нови погледни кон белото вино. Затоа грабнете шише од вашиот нов омилен пијалак VOLIM и дозволете му на летото да започне. VOLIM е вино на иднината, а на нас останува заедно да ја изградиме.