„Вака ги складирам морковите во текот на целата зима- Остануваат сочни до пролетта, без да омекнат“
Доколку одгледувате моркови или пак имате роднини кои се занимаваат со истото, тогаш најверојатно веќе знаете колку е тешко да се правилно складира овој зеленчук во текот на зимскиот период.
Главниот проблем е што најчесто морковите започнуваат да гнијат и да омекнат, уште пред да заврши студот.
За таа цел, денес ви откриваме неколку едноставни трикови, со чија помош ќе успеете лесно да ги складирате морковите, така што истите ќе останат свежи и сочни дури до пролетта.
Советите за правилното складирање на морковите ќе ви бидат од полза, дури и ако ги купувате од маркет во поголемо количество.
Едноставни тајни за правилно складирање на морковите
- Најидеалната температура за складирање на морковите е од 0 до 3°C.
- Влажноста треба да изнесува околу 85-90%. Морковите не го сакаат сувиот воздух, брзо избледнуваат и стануваат како „дрвени“.
- Морковите не ја претпочитаат ниту интензивната вентилација. Важно е да го одржите нивото на јаглеродниот диоксид, кој се смета за природен конзерванс, кој ќе ја одржи структурата на морковите.
- Се препорачува морковите да ги складирате во ќеси, одделени од останатите овошја и зеленчуци.
Градинарски трикови за правилно складирање на морковите
1. Не ги собирајте плодовите премногу рано, бидејќи во тој случај ќе бидат премногу сочни, но истовремено брзо ќе ја изгубат својата портокалова боја. Сепак, не ги собирајте ниту премногу доцна, бидејќи тогаш тие премногу брзо ќе изгнијат.
2. Откако ќе ги соберете, важно е брзо и малку да ги засечете морковите, бидејќи во спротивно тие ќе изгнијат многу брзо.