Жени ширум Инстаграм заедницата споделуваат фотографии од нивните резултати откако го прифатиле предизвикот да ослабнат 36 килограми, а резултатите се извонредни.
Фотографиите се пропратени со по една нивна реченица која инспирира и мотивира и останатите да се поттикнат да ги остварат своите цели, а истовремено фотографиите покажуваат како изгледа кога 11 различни жени ќе ослабнат по 36 килограми, докажувајќи дека навистина секој е различен:
1. „За напредокот е потребно време, а јас научив да уживам во секоја фаза од него“
2. „Неверојатно многу сум горда на самата себе. Никогаш не се откажувајте од својата цел“
3. „Сега можеби подобро изгледам однадвор, но поважно е дека одвнатре се чувствувам прекрасно“
4. „Не ми се верува дека симнав цели 36 килограми. Можеби имам целулит и стрии, но повторно се чувствувам удобно во сопствената кожа“
5. „Која разлика може да ја направи периодот од 3 години“
6. „Фотографија од лево е од пред 2 години, а фотографијата од десно сум јас сега“
7. „За остварување на целта, правете мали чекори секој ден“
8. „Купувањето облека сега е многу попријатно од претходно“
9. „Никогаш не се откажувајте од своите сонови“
10. „Ги чувам фотографиите од мојата претходна тежина, за да направам споредба. Резултатите неверојатно ме мотивираат“
11. „Бидете си самите на себе поддршка и лесно ќе стасате до целта“