Секоја дама сака да го зачува природниот изглед на својата коса, да го задржи квалитетот на влакното и неговата цврстина. Широката палета на козметички препарати за одржување на негата на косата, имаат најразлични својства, убав мирис кое дава чувство на свежина. Наспроти сите добри карактеристики, шампоните и регенераторите сепак во себе содржат хемиски својства кои постепено штетно влијаат на здравјето.

Ви претставуваме 2 домашни шампони, кои можете да ги приготвите уште денес:

Шампон од овесно брашно – за жени со сува коса

Потребно:

  • 1 лажица обесно брашно
  • 200 мл. вода
  • 1 лажица мед
  • 1 жолчка

Во сад на оган истурете ја водата и постепено додавајте ги состојките. Кога смесата ќе зоврие, мешајте континуирано додека не добиете хомогена смеса. Оставете да се олади и нанесете ја на косата. Оставете да делува 15 минути, по што добро измијте ја косата со топла вода.

Шампон од сода бикарбона – за жени со масна коса

Потребно:

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 400 мл. вода

Во еден сад истурете топла вода, додајте ја содата и промешајте. Добиената смеса нанесете ја на косата, со кружни движења, масирајте ја косата. По 10 минути, во друг сад додаје уште 200 мл. вода и 2 лажици јаболков оцет. Постапката повторете ја, по што ќе ја измиете косата со чиста топла вода.