Сигурно сте слушнале дека користите само 10% од капацитетот на вашиот мозок. Ова не е случај само кај Вас, туку и кај повеќето возрасни луѓе!

Дали сте знаеле дека останатите 90% не само што не ви прават ништо добро, туку ви прават и штета?

Природата не трпи неактивност, и ако вие не ја поттикнувате работата на вашиот мозок, тогаш почнува самиот да си бара работа: се обидува да го реши непостоечки проблеми, прави да се грижите за ништо, да се плашите од измислени опасности, притиска кога за тоа нема никаква причина, паѓате во депресија.

Но, таквата работа не ги развива нервните клетки – напротив, ги убива. Ги убива вашата неактивност.

Да, да! Ако мозокот не се користи- тој почнува да се распаѓа! И тоа за жал се случува кај повеќето луѓе.

Мозокот е дизајниран така што со негова помош можеме буквално да правиме чуда. Зошто луѓето не го ценат тој голем дар и не уживаат во полна мера?

  1. Затоа што не го знаат својот потенцијал.
  2. Затоа што сме убедени дека со текот на времето нашиот организам може само да се распаѓа, но не и да се развива.
  3. Затоа што сме премногу мрзливи за да направиме барем минимални напори за сопствениот развој.

Но, овие три причини – самоограничувања сами си ги наметнуваме! Ајде да го ослободиме од нив својот ум токму сега и да дознаеме за што навистина сме способни.

Според најновите научни сознанија, нервните клетки не само што може да се опорават, тие исто така можат да ги надградат своите функции, да воспоставуваат нови односи едни со други. Луѓето кои претрпеле повреди на мозокот, мозочен удар и други болести поврзани со мозочното ткиво, не треба да губат надеж бидејќи мозокот е способен повторно да учи дури и од почеток (да се движат, зборуваат, мислат!)

Знаете ли зошто во младоста мозокот ви работел подобро? Затоа што многу сте го тренирале. Додека одите на училиште и додека градите кариера вашиот мозок интензивно работи и се развива. Кога престанете со умствените работи ослабува интелектот, ја намалува меморијата, бавно реагирате и не сте способни брзо да ги обработувате информациите како порано.

Да не заборавиме и дека мозокот е контролниот центар на целиот организам, еден вид на команден центар. Работата на секој орган е контролирана од страна на мозокот! И само ако се задржи мозокот активен, може совршено да ја извршува неговата контролна функција. Ова значи дека здравјето на секој орган зависи од тоа како работи мозокот.

Ако го тренирате мозокот, прво нервните клетки ќе бидат принудени да работат – и кога тие работат, тие не умираат; второ, ќе се подобри протокот на крв, што значи дека мозокот ќе ви биде подобро снабден со кислород, кој штити од оштетување и ја зголемува вашата виталност, активност, перформанси.

Луѓето кои работат активна ментална работа – тие го одржуваат здравјето, ментално се бистри, имаат одлична меморија до длабока старост!

Секој кој го тренира мозокот старее многу побавно, и квалитетот на животот му е многу повисок отколку кај поголемиот дел од своите врсници.

Вежбајте најмалку 5 минути дневно и ќе забележите како вашиот мозок копнее за вежбите и со радост учи.

Со помош на овие логички вежби вие можете да ги развиете вашите интелектуални способности.

Некои вежби ќе ги решите лесно, а за некои треба долго да размислувате. Но, не се откажувајте се додека не го најдете одговорот кој ви се чини дека е точен.

Ако речете „не знам“ и веднаш ги погледнете одговорите на втората страна, тоа не е добро за вашиот мозок. Мислете и понатаму. На овој начин ќе ја тренирате вашата интелигенција.

Во продолжение неколку вежби за развој на мозокот

  1. Се среќаваат двајца мажи. Еден му вели на другиот: „Продај ми еден коњ, тогаш јас ќе имаат двојно повеќе коњи од тебе.“ Вториот одговара: „Подобро ти да ми продадеш еден коњ, тогаш и ќе имаме подеднакво“. Колку коњи има секоја од нив?
  2. Птиците летале кон дрвјата и слетале по две птици на секое дрво. Едно дрво останало без птици. Потоа слетале по една птица на секое дрво и за една птица не останало дрво. Колку дрва и колку птици има?
  3. Имало седум браќа и секој од нив имал по една сестра. Колку вкупно сестри имало?
  4. Еден човек рекол: „Јас сум толку стар човек, што сум постар од внукот шестотини пати.“ Можно ли е тоа, и ако е можно на која возраст е дедото а на која внукот?
  5. Ако бројот е напишан со збор, во неговото име има толку букви колку што има цифри во него. Кој е тој број?
  6. Летајќи јато гуски се среќаваат со уште една гуска и зборуваат:
    „Здраво, сто гуски!“
    „Не, ние не сме сто гуски “- одговориле гуските. „Уште толку колку што сме, и уште половина, и уште четвртина и уште ти да дојдеш и ќе бидеме сто.“
    Колку гуски биле во јатото?

Одговори:

  1. Првиот човек има 7 коњи, вториот 5.
  2. 3 дрва и 4 птици.
  3. 1 сестра.
  4. Ако внукот има 1 месец, а дедото 50 години, дедото е постар од внукот 600 пати.
  5. Сто, 100.
  6. 36 гуски.