„Вчера зедов половина пилешко, скршив 2 јајца, додадов неколку лажици мајонез и направив нешто феноменално за вечера“
Денес ви претставуваме неверојатно вкусен рецепт кој е совршен избор за вечера, а се смета за варијанта меѓу палачинки и ќофтиња. Вкусната вечера се приготвува многу лесно, а е полн погодок да ги изненадите вашите најблиски.
Вкусни пилешки ќофтиња
Потребни состојки
- 500 гр пилешко филе
- 3 глави кромид
- 2 јајца
- 5 супени лажици мајонез
- 5 супени лажици нишесте
- Половина кафена лажица шеќер
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
- Сончогледово масло по ваш вкус
Начин на подготовка
Исплакнете го пилешкото месо, исушете го со негово поставување на хартиена крпа, а потоа исечете го на ситни коцки. Сомелете го кромидот во блендер.
Измешајте го кромидот и месото, а потоа додадете ги и јајцата, мајонезот, нишестето, зачините и шеќерот.
Добро измешајте ги сите состојки заедно и така оставете ги да отстојат 20-30 минути.
Загрејте масло во тава и испржете ја смесата на вообичаениот начин како што ги пржите класичните ќофтиња, до нивно добивање на златно- кафеава боја. Готовите ќофтиња поставете ги во тава, додадете малку вода и оставете ги да се готват дополнителни 8-10 минути на слаб оган, под капак.
Пријатен апетит!