Вечерва ни претстои волшебна ноќ на чудата – Замислете желба и таа ќе се исполни!
Секој од нас во срцето има нешто што многу и долго го посакува за кое постојано се моли да се оствари, особено навечер кога ги затвораме очите. Токму оваа ноќ ќе имаме можност да го посакаме најсмелото и желбата да ја кажеме на глас!
Во текот на оваа вечер настапува есенска рамноденица, а според верувањата во текот на истата се случуваат вистински чуда. Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 септември треба да посакаме нешто по што одамна копнееме, нешто ново, различно, нешто за кое постојано мечтаеме.
Со настапувањето на есенската рамноденица, луѓето конечно ќе можат да се ослободат од товарот и последиците од кармата, со што ќе ни биде дадена нова можност и енергија да влеземе во нов, прекрасен период исполнет со позитивни моменти и многу љубов.
Хороскоп на македонски јазик
Оваа ноќ се исполнуваат сите соништа на луѓето и затоа истата се смета за најволшебната ноќ во годината. Есенската рамноденица важи за сончев празник, кој ја симболизира мудроста, природната и рамнотежата. Ова е време за напредување и благодарност, период со сета сила да го постигнеме посакуваното.
Посакајте си здравје, сила, волја, решителност. Посакајте си љубов, па дури и нешто ново и материјално, нов дом, нов автомобил, подобрување на финансиите, било што кое најмногу го посакувате веќе долг период.