„Веќе години само вака ги избелувам кошулите на мојот сопруг – Јаките ставаат снежно бели, како нови“
Јаките на машките кошули отсекогаш биле деликатен дел за перење, бидејќи од прекумереното носење, тие вообичаено стануваат потемни и се создаваат жолти дамки, кои речиси е невозможно да се отстранат со обичен прашок.
Со помошта на следниот лесен трик, конечно ќе можете да им кажете збогум на овие чести проблеми при перењето и ќе успеете да го вратите блескавиот и снежнобел изглед на кошулите.
Како да ја избелите јаката на кошулите
Ќе ви биде потребно
- 1 кафена лажица средство за миење садови
- 3-4 кафени лажици хидроген
- 2 супени лажици сода бикарбона
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на паста, а потоа добиената смеса со триење нанесете ја на замастениот дел од кошулата. Ќе се изненадите колку брзо жолтите дамки ќе исчезнат.
Оставете ја смесата да дејствува неколку часа на кошулата, а потоа истата исперете ја на вообичаениот начин. Смесата може да ја искористите и за отстранување на дамките на кошулата во делот под пазувите.