„Веќе не купувам пченка во конзерва, туку сама си ја правам- Ем е повкусна, ем знам дека нема никакви хемикалии во истата“
Летото полека заминува и затоа сега е вистинскиот момент да си приготвиме и складираме што повеќе витамини за нас и нашето семејство, на кои ќе се насладуваме во зимскиот период.
Во продолжение следува рецепт како да си приготвите еден таков деликатес. Станува збор за домашно конзервирана пченка која плени со извонреден вкус!
Се разбира, таков производ лесно може да се најде во маркетите, но дали вистински знаете какви состојки и хемикалии содржи?
Со домашниот докажан рецепт, точно знаете што ќе консумирате!
Домашна конзервирана пченка
Најдобро е да користите пченка која сè уште е млада, при што во тој случај ќе можете истата да ја приготвите многу брзо (за 15-20 минути). Зрелата жолта пченка ќе биде послатка и ќе треба да ја готвите подолго (околу 1-1.5 часа).
Истовремено, определеното количество на маринада во рецептот е наменето за 4 тегли од по 250 грама.
Потребни состојки за маринада
- 1 л вода
- 30 гр сол
- 2 супепени лажици шеќер
- 5 кафена лажица лимонска киселина
Начин на подготовка
Најпрво исчистете ја пченката и исечете ги нејзините врвови, за да може полесно истата да се складира во теглите. Не заборавајте да ги отстраните и потемнетите зрна.
Потоа поставете ја пченката во тенџере, додадете вода и гответе додека да се свари. Младата пченка ќе биде готова за 15-20 минути, старата жолта за 1-1.5 часа.
Сварената пченка складирајте ја во сад со студена вода и оставете ја да се излади. Потоа отстранете ги сите зрна од истата и додадете ги зрната во чисти стерилизирани тегли.
Сега пригответе ја маринадата. За таа цел, додадете сол, шеќер и лимонска киселина во вода, измешајте ги состојките и поставете го садот на оган, за да подобро се соединат состојките, со нивно целосно топење, за неколку минути.
Откако маринадата ќе биде готова, додадете ја т.е наполнете ги теглите со истата, во кои претходно ги складиравте зрната од пченката. Стерилизирајте ги теглите во времетраење од 20-25 минути.
Потоа свртете ги теглите наопаку и поставете да се изладат. Складирајте ја така конзервираната пченка на ладно место, без присуство на сончева светлина.