Ви го откриваме наједноставниот и безбеден начин да се ослободите од подочниците
Козметичките дермални филери се користат од страна на жените и мажите за остранување на на фини линии и брчки, зголемување на усните дефинирање на шупливи области на лицето и враќање на волуменот на кожата. Сепак малку луѓе знаат дека постојат дермални филери со кои успешно се отстрануваат и проблематичните подочници. Денес со брзото темпо на живот подочниците се „задолжителен накит“ скоро за секоја личност. Благодарение на дерматолозите тие сега со брза и лесна процедура можат да станат минато.
Кога станува збор за филери под очите најдобри кандидати за тоа се луѓето чие темнило под очите е резултат на „ридови и долини“ под окото. „Долините“ се шупливи, потонати места кои, кога се наоѓаат покрај нормалните,истакнати области („ридови“), создаваат засенчување – и перцепција на темни кругови.
Како да утврдите дека сте идеален кандидат за отстранување на подочници со филери?
За да утврдите дали вашите темни кругови се поврзани со сенките, седнете во просторија со осветлување над вашата глава. Земете огледало и прво погледнете директно во него додека седите и држете го огледалото на ниво на очите. Кажете им здраво на вашите кругови. Следно, легнете малку, и оставете го светлото над главата да удри директно на лицето додека гледате во огледалото, така што сите сенки под окото да се елиминираат. Ако темнината под очите исчезне, сенката е онаа што ги предизвикуваат круговите, а филерот Juvederm Volbella може да биде најдобра опција за вас. Ако остане темнината, проблемот е веројатно вишокот пигментација во кожата, нешто што дермалните филери не би го решиле.
Што е всушност Juvederm Volbella?
Juvederm е стерилен гел направен од хијалуронска киселина. Тој е глобално одобрен производ за третирање на знаците на стареење, да го зајакнат производството на колаген (протеинот одговорен за давање на нашата кожа за јачина и еластичност) и да го врати волуменот на кожата што е изгубен поради возраста, загадувањето и факторите на живот (пушење, лоша исхрана, продолжено изложување на сонце и др.). Хијалуронската киселина која се наоѓа во Juvederm Volbella е создадена од синтетички процес и ја имитира хијалуронската киселина која природно се наоѓа во нашата кожа. Всушност, 40% од нашиот дермис (подлабокиот слој на кожата) се состои од хијалуронска киселина, додека остатокот е составен од колаген. Како што старееме, производството на колаген се забавува, што е уште една причина зошто луѓето го избираат Juvederm Volbella – затоа што го поттикнува телото да создаде повеќе колаген.
Колку време трае Juvederm Volbella?
Бидејќи движењето на мускулите ги разложува козметичките дермални филери дури и кога тие се направени со супстанции што природно се јавуваат во организмот, областа во која се инјектираат филерите ќе утврди колку долго ќе траат. Кога Juvederm Volbella се вбризгува во усните или околу устата каде има обилно движење на мускулите, производот ќе трае околу четири месеци (шест ако не сте голем говорник). Напротив, кога во областа под очите се вбризгуваат козметички дермални филери, Juvederm Volbella може да трае од девет месеци до една година. Областа под очите има одредено движење на мускулите (како кога мижиме), но е релативно умерено во споредба со усните и областите што ги опкружуваат.
Подочниците се главни виновници за да изгледате уморни и ненаспани кога навистина не се чувствувате така. Но, има едноставно решение. Упатете се во ординацијата на „Д-р Анчевски“ и професионалните дерматолози веднаш ќе пронајдат решение за вашиот проблем. Не дозволувајте животот да ви „тоне“ во црните кругови закажете си консултации уште денес.