Ви претстои свадба, а не сакате да потрошите богатство за украсување и декорација?!
Свадбените свечености се романтични во секој поглед. Вие го споделувате судбоносното „Да” со вашите најблиски, во убава атмосфера. Подготовките за самата свеченост се далеку покомплицирани од самата свеченост. Следејќи ги американските трендови, многу млади добиваат најразлични идеи за украсување на домот и ресторанот каде е планирана свеченоста, но тие идеи се скапи доколку повикате лице кое ќе ги реализира и организира најситните детали.
Ви претставуваме неколку идеи за декорации кои можете да ги реализирате со малку пари, а ќе остават впечаток на идилична хармонија во просторот.