ВИДЕО: Хитот „Еве ме пак“ во нова карантин верзија
За време на карантинските денови Александра Јанева реши да направи нова верзија на хитот „Еве ме пак“ заедно со 25 млади музички таленти, солисти и инструменталисти.
Новото видео кое вечерва го објави на своите социјални мрежи покажува дека пејачката е во цврста врска со своите фанови.
„Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки!“, вели Александра за овој проект снимен во услови на самоизолација.
Покрај музичките таленти, во видеото се појавуваат и бројни фанови од сите возрасти како и нејзиниот бенд со кој често ја гледаме на настапи низ земјата.