Секој родител се грижи за болното дете, но малку знаат колку е тешко да се грижиш за хронично болно или тешко повредено дете. Родителите на децата со рак, епилепсија, вродени болести или со тешки повреди се борат секој ден и само тие знаат колку е тешко.

За да се покаже низ што минуваат мајките на болни деца, една непрофитна организација во САД објави видео за Денот на мајката. Во видеото ќе видите како мајките храбро се борат за животот на своите деца секој ден. Борбата е исполнета со солзи, молитви, извици, бес и многу мака. Но, овие мајки не се откажуваат. Тие ги бришат солзите, се исправаат и продолжуваат, бидејќи нивните деца имаат потреба од нив.

https://www.youtube.com/watch?v=HvNF0yFUcx0