„Вие го подготвувате тестото со него, а јас го додавам во цвеќињата и сите сосетки ме прашуваат која е тајната на мојата бујна градина“
На секое цвеќе во саксија му е потребно дополнително потхранување, особено во текот на вегетативниот период и периодот на цветање. А дали знаете дека обичниот квасец е неверојатно корисен за таа цел?
Квасецот може да доведе до значително зголемен раст, дури и при цвеќињата кои изгледаат како да нема веќе надеж за нив. Фитохормоните, витамините од групата Б и акусините (растителни хормони), кои се наоѓаат во составот на квасецот, активно ги стимулираат клеточната делба и растот на растенијата.
Потхранувањето на овој начин се користи при професионално одгледување на растенијата. Со додавањето на квасецот кон растенијата, значително се зголемува активноста на микроорганизмите во почвата, се зголемува присуството на јаглероден диоксид, на микро и макро елементите, кои имаат позитивно влијание врз коренскиот систем и надворешниот изглед на растението.
Рецепт за раскошно цветање на растенијата
Потребни состојки
- 10 грама свеж квасец
- 1 кафена лажица шеќер
- 1 литар топла вода
Начин на подготовка и употреба
Растворете го квасецот во топлата вода, додадете 1 кафена лажица шеќер и добро измешајте ги состојките. Оставете ја смесата да отстои минимум 2 часа. Со вака приготвениот раствор, полевајте ги цвеќињата 2 пати месечно во есенско-зимскиот период и еднаш на секои 10 дена во пролетно-летниот период.
За кратко ќе забележите дека листовите ќе станат позелени, а цветовите пораскошни.