Виетнамското чудо: Како Виетнам успеа да се справи со коронавирусот – Од 95 милиони население, 260 случаи и ниту една жртва
Иако има граница со Кина, Виетнам со помош на навремено преземни мерки, масовно тестирање и строг карантин ја избегна големата несреќа, со која се соочија САД и Европа.
Со само стотици заразени со коронавирус за време на кризата, Виетнам доби високи пофалби од СЗО.
Официјалната статистика покажува дека околу 75.000 луѓе се во карантин или изолација, притоа има 266 активни случаи, ниту еден починат, а 169 се успешно излекувани.
Досега се направени повеќе од 211.000 тестови, од кои само 260 биле позитивни. Кидонг Парк, претставник на СЗО во Виетнам, смета дека решавачки фактор бил раниот одговор на кризата: „Виетнам реагираше на кризата рано и интензивно. Првото истражување за проценка на ризикот беше извршено уште во Јануари, откако започнаа да пристигнуваат вести од Кина.“
Веднаш била формирана Национална комисија за превенција и контрола на COVID-19, под наздор на вицепремиерот и веднаш бил развиен план за реакција. И покрај малиот број на потврдени случаи, во Виетнам од 1-ви април е воведен целосен карантин, што е многу побрза акција за разлика од одлуките на Италија и Велика Британија.
Но, тамошните експерти откриваат и дека успехот на Виетнам се должи во голема мера и во единството на тамошниот народ. Нгуен Ван Транг, економист од Ханои вели дека неговите родители не виделе ваква дисциплина и солидраност од Виетнамската војна во 1968-та година.
Виетнамските училишта се затворени уште од Јануари, а масовното ставање на луѓето под карантин започна на 16-ти март. Десетици илјади луѓе кои пристигнале од странство беа поставени во задолжителен карантин од строг воен тип.
На 25-ти март биле укинати меѓународните летови и државата сè уште не размислува за намалување на овие мерки. Исто така, секој кој ќе го напушти главниот град Ханои, кој важи за епицентар на заразата во државата, е веднаш ставен во карантин, по пристигнувањето во останатите градови и провинции.
Сите кои биле во контакт со заразен исто така веднаш се ставаат под задолжителен карантин. А во одредена мера некои сметаат дека реакцијата на Виетнам за кризата е малку и повеќе строга од потребното, бидејќи се предупредува дека кој не носи маска и се утврди дека заразил друго лице со опасната болест, може да биде осуден и на 12 години затвор.