„Виктор беше грижлив и ме носеше на раце, но сега се срамам од него- При една посета кај гинеколог, едноставно настана хаос“
„Многу сум очајна и решив со вас да ја споделам мојата лична драма. Се наоѓам на крстосница и сум на прагот да добијам нервен слом.“…Прочитајте ја приказната на една очајна жена која е соочена со тежок животен предизивик.
„Во брак сум 12 години. Со моето момче излегувавме 6 месеци, кога тој наеднаш ми предложи брак.
Бевме млади, а на мене многу ми се допаѓаше тоа што ми посветуваше внимание. Виктор беше грижлив, буквално ме носеше на раце, а понекогаш со часови знаеше да ме чека за да завршам со мојата работа – пеев во хор. Бидејќи често патувавме за одржување на концерти, тој ме убеди да го напуштам хорот, бидејќи не сакал да бидеме предолго време разделени.
Тогаш не знаев, дека човек може да биде толку болно љубоморен. Кога стапивме во брак, јас започнав да работам во продавница за детска облека, но Виктор ме убеди и од таму да дадам отказ, со изговор дека ме плаќаат премалку. Тој заработуваше добро и можам да кажам дека живеевме убаво.
Имаме син и за среќа, во однос на здравјето, ги наследил гените на татко ми, додека јас често боледувам и сум по болници. Всушност, мојот проблем не е моето здравје, туку љубомората на мојот сопруг. Ако отидам до продавница, веднаш започнува да прекорува колку долго сум отстуствувала од дома. Во автобусот се лути ако некој друг непознат маж седне до мене. Секогаш ги тера луѓето да седнат на друго место.
Неколку пати ми има ударено шлаканици. Потоа започнува да плаче и да се извинува, оправдувајќи се дека едноставно премногу ме сака. Како цреша на шлагот, консумира доста алкохол. Во тие моменти, се претвора во вистински ѕвер. Понекогаш со денови не си доаѓа дома, бидејќи со пријателите одат од кафеана до кафеана. Сакам да го напуштам, но ја немам поддршката од моите родители.
Тие сметаат, дека што и да се случи, жената секогаш треба да остане покрај мажот.
Претходната недела мораше да посетам гинеколог. Се подразира, Виктор дојде со мене. Додека чекав, дојде мојот ред. Влегов во ординацијата, се соблеков и токму кога лекарот тргна да ме прегледува, вратата се отвори и Виктор влезе внатре.
Изгледаше така, како да во секој момент ќе добие инфаркт- црвено лице, испотен и со испакнати очи. Се случило мојот глупав љубоморен сопруг да мислел дека гинекологот е жена и кога дознал дека е всушност е маж, буквално полуде.
Толку засрамена се почувствував од неговото однесување. Се срамам што 12 години сум омажена за него, а никој не знае за драмата која ја преживувам. Одамна сакам да го напуштам, но поради егзистенцијални причини, сум принудена да трпам.“
Како би постапиле вие и што би ја советувале оваа жена?