Вистината за бананите: Експертите откриваат кои се придобивките од овошјето, врз основа на неговата боја и кое е значењето на кафеавите дамки на кората
Како едни од најевтините и најхранливи плодови, бананите спаѓаат меѓу најпопуларните и најомилените за консумирање меѓу луѓето.
И иако речиси на сите им се познати здравствените придобивки од ова чудесно овошје, малкумина всушност знаат дека зрелоста на бананата има големо влијание врз нејзината нутритивна вредност.
Истакнатиот австралиски нутриционист Рајан Пинто неодамна сподели графички приказ за различните придобивки и притоа објаснува зошто консумирањето на претерано созреана банана не е толку добра идеја, како што отсекогаш сме мислеле.
„Најдобриот начин за да сфатиме како здравјето на една банана се менува е со истражувањето на она што се случува одвнатре, со текот на времето.“- напиша Пинто на својата веб-страница „High Performance Nutrition AU“.
Зелени банани
Според Рајан, зелените банани се „младешки, со лоши јаглехидрати и полни со скроб“.
Сметан како „отпорен“ скроб, оваа хранлива материја ја отежнува работата на дигестивниот систем. Токму тоа може да биде причината зошто од зелените банани, организамот на човекот брзо се заситува. Истовремено, скробот во зелените банани може да биде причината зошто по нивно консумирање, се појавуваат гасови и подуеност на стомакот.
Доколку претпочитата банани со низок гликемичен индекс, тогаш зелените банани се совршениот избор. Тие на умерен начин ќе го контролираат нивото на шеќери во крвта, а истовремено се познати по тоа што самите тие содржат мало количество на шеќер.
Жолти банани
„Кажете му збогум на скробот, а посакајте му добредојде на шеќерот“- вели Рајан.
Според експертот, жолтите банани се послатки и помеки, бидејќи содржат повеќе шеќери. Исто така нивниот гликемичен индекс е повисок, што значи дека полесно се варат во организамот.
„Со помалку скроб за преработување, дигестивниот систем полесно ќе ги свари останатите хранливи материи. Но, за жал секогаш постои ризик хранливата вредност на бананите со нивното стареење. За да го надокнадат ова, бананите од друга страна имаат значително поголемо количество на антиоксиданти.“- објаснува Рајан.
Кои други здравствени придобивки ни ги даваат бананите?
- Бананите се богати со пектин, вид влакна кое на овошјето му ја даваат сунѓерестата структура.
- Незрелите банани содржат „отпорен“ скроб, кој делува како растворливо влакно и ја избегнува дигестијата.
- Бананите со средна големина содржат околу 3 грама хранливи влакна, што ги прави одличен извор на голема хранлива вредност.
- Некои истражувања покажуваат дека 15-30 грама „отпорен“ скроб дневно, може да ја зголеми инсулинската чувствителност до 30-35% за само 4 недели.
- Едно истражување кое траело 1 година, утврдило дека жените кои консумираат банани до трипати неделно, ја намалуваат шансата за бубрежни заболувања до 33%.
Банани со кафеави дамки
Најзрелите банани често манифестираат кафеави дамки на нивната кора и се многу послатки на вкус, што се должи на поголемото количество на шеќер.
„Не само што кафеавите дамки се индикатор за стареењето на бананата, туку тие истовремено покажуваат колку скроб е претворен во шеќер. Колку повеќе дамки има бананата, толку повеќе шеќер има во бананата.“- вели Рајан.
Според него, дамките се сметаат и ситни засилувачи на имунитетот и банаите кои имаат кафеави дамки на кората се повеќе богати со антиоксиданти, кои директно се поврзуваат со превенцијата од рак.
Кафеави банани
„Се сеќавате на „отпорниот“ скроб? Тој сега е целосно претворен во шеќер.“- додава Рајан.
При разложувањето на скробот во шеќер и самиот хлорофил зазема нова форма, а таквото разложување е причината зошто нивото на антиоксидантите се зголемува со староста на самото овошје.
Бананите содржат околу 100 калории и ниски масти, а се сметаат за богат извор на калиум, витамин Б6, витамин Ц и растителни хранливи влакна.
Како секојдневното консумирање на бананите може да ја спречи појавата од мозочен удар
Осумгодишно истражување, кое опфатило 5.600 мажи и жени на возраст над 65 години, дојде до заклучок дека луѓето чие дневно мени содржи најмало количество на калиум, имаат поголема веројатност да се соочат со мозочен удар во текот на својот живот.
Бидејќи бананата е одличен извор на калиум, токму таа може да придонесе за намалува на ризикот од мозочен удар во староста.