Вистинска бисквитна фантазија: Чоколадна торта од 4 состојки- Ништо не печете, само ги мешате состојките и готово!
Доколку и вие не сакате да го губите своето време покрај рерната, печејќи кори долго време, но сепак би сакале да им приготвите вкусен неодолив десерт на вашите најблиски, тогаш ова е совршениот рецепт за вас!
Чоколадна бисквитна торта без печење
Потребни состојки
- 300 гр бисквити
- 400 мл течна слатка павлака за готвење
- 250 гр чоколада
- 100 гр путер
За глазурата
- 100 мл течна слатка павлкаа за готвење
- 100 гр чоколада
- 50 гр масло за готвење
Начин на подготовка
Додадете ја павлката во сад, следно додадете ги и искршените парчиња чоколада и маслото. Поставете го садот на оган, да се затопли павлаката, при што потребно е да мешате непрекинато, додека да се стопат чоколадото и путерот.
Во друг подлабок сад, искршете ги бисктивите на мали парчиња, а потоа врз истите додадете ја претходно добиената чоколадна смеса и добро измешајте ги сите состојки заедно.
Добиената смеса преместете ја во сад во форма за торта и добро распоредете ја смесата во истиот.
Поставете ја бисквитната торта во ладилникот на 30 минути, за да се затегне нејзината структура.
За глазурата: Поставете ги павлката, чоколадото и путерот во сад и садот поставете го на оган, при што е потребно непрекинато да мешате, за да целосно се стопат и соединат состојките.
Исипете ја глазурата врз чоколадната торта и повторно вратете го десертот во ладилникот, за да целосно се затегне.