„Вистинскиот луксуз е мирот“: Ова е најдобро дизајнираниот хотел во светот
Ова егозтично одмаралиште во Мексико е вистински доказ дека едноставноста е крајна форма на софистицираноста.
Сместено во срцето на Мајанската шума, одмаралиштето со 5 ѕвезди „Chablè Resort & Spa“ е прогласено за најдобро дизајниран хотел во светот.
Оваа година на овој врвен хотел му припадна Версајската награда која ја доделува УНЕСКО и Меѓународната Асоцијација на архитекти, при што не беше тешко да се донесе одлука, бидејќи овој хотел има беспрекорен ентериер, како и екстериер.
Распространето на површина од 750 хектари во Јукатан Пеинсула, хотелот оддава чест на неговото природно опкружување, комбинирајќи ги мексиканските традиционални елементи со модерен допир, при што на дланка го имате спојот од луксузот и природата.
Сите соби имаат приватни базени, а ѕидовите се конструирани од рециклирани материјали на поранешни раскошни имоти.
„Вистинскиот луксуз е мирот, а ова уникатно одмаралиште што ја зачува душата на природата е совршеното место за спокоен одмор“- вели Роко Бова, генерелниот менаџер на хотелот, а еве како изгледа дизајнот: